Никој не смета на Челзи, Лампард вели „ќе ги разочараме скептиците“

Франк Лампард го прифати предизвикот како нов тренер на Челзи во сезона што ќе ја почне без засилувања, поради забраната за трансфери, но вели дека тоа може да биде идеална ситуација за клубот.

„Сакам кога сме потценети. Слушам радио и никој не не става во кругот на фаворити за титулата во Премиерлигата. Па тоа може да биде голем предизвик за нас и идеална ситуација. Верувам дека ќе разочараме многу скептици“, изјави Лампард.

Тој е фудбалска икона на Челзи, беше капитен на тимот и дел од составот што забележа најголеми успеси во клупската историја со освојување на Премиерлигата, Лигата на шампионите, Европа Лигата и два домашни купа.

Лани се наметна и како одличен тренер. Со второлигашот Дерби Каунти стаса на еден чекор до пласман во Премиерлигата, па Челзи му понуди да биде менаџер во својот поранешен клуб.

Челзи ќе ја почне новата сезона во Англија со дерби против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, задутре од 17:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести