Никој нема да игра против Русија во баражот за Мундијалот во Катар

По репрезентациите на Шведска и Полска, учеството во баражот за пласман на Светското првенство во Катар го откажа и Чешка. Овие три селекции се во делот од баражот каде што се наоѓа и Русија, па едноставно сите три репрезентации одбиваат да играат против Русија.

„Извршниот одбор на фудбалската федерација на Чешка, членовите на стручниот штаб и фудбалерите се сложија дека е невозможно да играат против Русија во една ваква ситуација. Не би играле дури ни на неутрален терен. Сите сакаме оваа војна да заврши што поскоро“, стои во соопштението на чешката фудбалска федерација.

Од УЕФА засега немаат став по овие откажувања на Шведска, Полска и Чешка во баражот за пласман на СП во Катар.

- Оглас -

Најнови вести