Никој никогаш не бил како Рафаел Надал!

Рафаел Надал синоќа мораше да игра речиси до два часот по полноќ за да се избори за место во полуфиналето на Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер со 3:0 во сетови го победи Јаник Синер од Италија и се избори за место меѓу најдобрите четворица на гренслемот во Париз.

За Надал ова ќе биде 13-то полуфинале на Ролан Гарос. Во претходните 12 сезони кога играл во полуфиналето, секогаш го освојувал турнирот, па не случајно е рекордер со 12 трофеи во Париз. Триумфот над Синер беше 98-ми за Шпанецот на Ролан Гарос во точно 100 дуели. 

Следен ривал на Надал е Диего Шварцман. Последен пат овие двајца играа само пред две неделни, кога Аргентинецот го изненади Надал и го победи на Мастерсот во Рим. Сепак, ако се гледа вкупниот биланс на меѓусебни средби, Надал има девет победи и само тој кикс од Рим.

За Надал ова е 34-то полуфинале на гренслем и пред него се само Новак Ѓоковиќ со 37 полуфиналиња и Роџер Федерер со рекордни 46 полуфиналиња на гренслем-турнири. Ако Надал успее да го освои Ролан Гарос, ќе стигне до 20-ти трофеј на гренслемовите и ќе го израмни рекородот на Федерер.

 

- Оглас -

Најнови вести