Надал мораше да игра до два часот ноќеска за да стигне до полуфиналето

Рафаел Надал обезбеди ново полуфинале на Ролан Гарос откако по голема борба со 3:0 во сетови го победи Јаник Синер од Италија. Иако резултатот покажува дека Синер не освои ниту еден сет, сепак, на теренот Рафа се намачи, па мечот траеше речиси три часа, со 7:6, 6:4, 6:1.

Поради неколкуте одложувања, организаторот реши дуелот да започне малку пред 23 часот, па помалку невообичаено, дуелот заврши околу два часот по полноќ.

Првиот сет беше многу драматичен. Се играше гејм за гејм, кога на 5:5 Синер успеа да направи брејк и поведе со 6:5. Италијанецот сервираше за сет, но Надал веднаш возврати со рибрејк за 6:6 и се играше тајбрејк. Во една таква ситуација, Рафа го покажа своето искуство и го доби првиот сет со 7:4.

И вториот сет беше неизвесен, а Синер држеше баланс до 4:4. Во деветтиот гејм, Надал направи брејк и тоа беше доволно за да победи со 2:0 во сетови. По овој сет, Синер едноставно се предаде и знаеше дека нема шанси за чудо против најдобриот тенисер кој некогаш се појавил на терените на Ролан Гарос, па третиот сет заврши со лесни 6:1 за фаворитот.

За Надал ова беше јубилеен 100-ти меч на Ролан Гарос и стигна до неверјатни 98 победи. Доколку успее годинава да го освои овој гренслем, Надал ќе има точно 100 победи на престижниот турнир во Париз. Следен ривал на Рафаел ќе биде Диего Шварцман, кој неодамна го совлада на Мастерс турнирот во Рим. Шварцман во полуфиналето стигна откако по неверојатна борба, во пет сета го елиминира Доминик Тим.

 

- Оглас -

Најнови вести