8.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Никој никогаш претходно не го направил тоа што ПСЖ успеа против Барселона

Пари Сен Жермен покажа зошто е актуелен европски првак откако успеа да ја победи Барселона на гостински терен со 2:1. Триумфот на францускиот тим е уште позначаен ако се знае дека Барселона прва даде гол и водеше со 1:0.

Светците израмнија пред крајот на првото полуреме, а буквално во 90 минута со голот на Рамос го комплетираа пресвртот за победа на гостите од 2:1. Со овој триумф ПСЖ стигна до постигнување кое никогаш претходно не му успеало на ниту еден друг тим.

Францускиот гигант е прв кој успеал да победи три пати по ред на гости кај Барселона. Покрај оваа победа од 2:1, ПСЖ славеше на теренот на Барселона и во април 2024 година и тоа со убедливи 4:1. ПСЖ ја победи Барселона на гости и тоа повторно со 4:1 во февруари 2021 година, истотака во Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести