Никола Ѓуретановиќ и Ева Петровска ќе ја бранат честа на Македонија на Светското првенство во водени спортови

Пливачите Никола Ѓуретановиќ и Ева Петровска се единствените македонски спортисти кои ќе бидат дел од Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Доха, Катар. Двајцата македонски преставници ќе имаат настапи во две категории.

Големата пливачка надеж Ѓуретановиќ, кој има само 16 години, а веќе собори неколку државни рекорди, првиот настап ќе го има на 11 февруари, кога ќе плива на 400 метри слободен стил. Потоа, на 17 овој месец, тинејџерот ќе биде дел и од квалификациите на 1.500 метри слободен стил.

За Ѓуретановиќ ова ќе биде втор настап на Мундијал. Тој е стипендист на Sport Life, која секогаш се покажува како општествено одговорна компанија и докажан поддржувач на спортот во Македонија.

Ева Петровска првиот настап ќе го има на 11 февруари, во квалификациите на 400 метри слободен стил, а на 16 таа ќе плива и на двојно подолгата патека, односно на 800 метри.

- Оглас -

Најнови вести