35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Влезе во друштвото на 13 великани – Јокиќ повторно е МВП на НБА-лигата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ вторпат едноподруго ја освојува наградата за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната.

Добро упатениот новинар за случувањата во НБА-лигата, Адириан Војнаровски, на своите профили на социјалните мрежи објави дека кошаркарот на Денвер нагетс повторно е МВП и со тоа го победи Џоел Ембид, кој му беше најсериозен конкурент.

Со тоа Србинот влезе во друштвото на 13-те великани на НБА-лигата: Бил Расел, Вилт Чемберлејн, Карим Абдул Џабар, Мозес Мелоун, Лери Бирд, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Тим Данкан, Стив Неш, Леброн Џејмс, Стеф Кари и Јанис Адетокумбо.

Сите овие кошаркарски легенди по вторпат едноподруго стигале до наградата за најкорисен играч.

Тој во регуларниот дел од сезоната бележеше по 27,1 поен по меч, а имаше и 13,8 скокови и 7,9 асистенции.

Јокиќ со Денвер испадна во првото плејоф-коло од Голден стејт ворирорс, каде што загубија со 4:1.

- Оглас -

Најнови вести