Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов од Унгарија се пресели во Бугарија. Тој потпиша договор со Левски до јуни 2028 година.

Серафимов потекнува од Вардар, во македонската лига настапуваше и за Пелистер, Брегалница и Академија Пандев од каде што замина во Унгарија. Таму прво настапуваше за ЗТЕ, па потоа направи трансфер во Фехервар.
Нилола Серафимов има и 22 настапи за македонската репрезентација и еден постигнат гол.