Николов погоди од 20 метри во победата на Радник за пласман во полуфиналето од Купот (Видео)

Некогашниот капитен на младата македонска репрезентација, Иван Николов, постигна гол во победата на неговиот Радник против Лакташи со 4:0, во четвртфиналето од Купот на Босна и Херцеговина.

Играчот за врска кој има и еден меч за сениорскиот состав на Македонија, погоди откако тргна во напад и со шут од 20-тина метри го изненади противничкиот голман погодувајќи за 3:0 во тој момент. Со оваа победа, тимот на Николов си обезбеди место во полуфиналето каде ќе се сретне со Зрински.

Македонскиот 24-годишен интернационалец во зимскиот преоден рок пристигна во тимот на Зрински и се покажа како одлично засилување бидејќи зад неговото име веќе има четири погодоци и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести