Ништо не е готово: Прв пораз за Ливерпул, Агуеро и Сане се џелати на „црвените“

Манчестер сити беше подобар од Ливерпул со 2-1 во „Мечот на сезоната“ во Премиер лигата. Дербито меѓу актуелниот англиски првак и моменталниот лидер во Премиер лигата, кој се одигра на „Етихад“ во рамките на 21-вото коло, заврши во корист на „граѓаните“ кои им го нанесоа првиот пораз на избраниците на Јирген Клоп во првенството.

Сити со овој триумф ја оживеа трката за шампионската титула, првото разочарување за Ливерпул значи дека сега разликата е само четири бода меѓу првиот и вториот тим во англиската елита.

Иако гостите беа поконкретни и ја имаа првата вистинска шанса за гол на средбата, Сити преку Агуеро дојде до предност на пет минути пред крајот на првото полувреме. Аргентинецот ја продолжи неговата убава традиција и веќе на седум меча запишува погодок на кои „црвените“ биле гости на „Етихад“.

Одличната акција во комбинација на двата бека на Ливерпул доведе до израмнувачки гол, кој го постигна Фирмино во 64-тата минута. Сепак, домаќините стигнаа вкупно до 16-тата победа сезонава откако Лерој Сане стрелаше во 72-та минута и ги осигури трите бода за својот тим.

До самиот финиш, Ливерпул буквално направи опсада пред голот на Едерсон, но не успеаја да се изборат за израмнувачки погодок.

Првиот пораз за Ливерпул значи дека ќе остане со 54 бода на чело на табелата, додека Сити сега има 50 бода, два повеќе од Тотенхем.

https://www.dailymotion.com/video/x700jvr

 

https://www.dailymotion.com/video/x700lqq

 

https://www.dailymotion.com/video/x700lxk

- Оглас -

Најнови вести