23.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Ништо ново: Клупската телевизија на Реал го нападна судијата за градското дерби против Атлетико

Реал Мадрид има одличен старт на новата сезона во Ла Лига и максимални шест победи на шест меча, а во сабота го очекува вистински предизвик – гостински дуел против лутиот градски ривал Атлетико.

За главен судија на мечот на „Метрополитано“ е назначен Хавиер Алберола Рохас, па веднаш започнаа нападите на негова сметка, но и дискредитација со објавување на видеа од наводни грешки.

Она што е интересно, Рохас му судел на Реал Мадрид на 16 натпревари, на кои Кралевите забележале дури 11 победи. На меѓусебните дуели на Реал и Атлетико судел двапати и двапати победувале Кралевите, со 3-1 и 5-3.

- Оглас -

Најнови вести