Новак Ѓоковиќ ќе мора да чека некоја следна прилика за да дојде до 100-тиот трофеј во кариерата, откако во финалето на АТП турнирот во Мајами беше совладан од чешкиот тенисер, Јакуб Меншик, со 2-0. Србинот немаше сили да му се спротивстави на речиси двојно помладиот тенисер и двата сета ги загуби во тај-брејк.
19-годишниот чешки тенисер беше подобар во финалето кое доцнеше речиси шест часа поради дождот кој врнеше во Мајами, па теренот беше лизгав, а Ѓоковиќ со крајни напори се држеше во мечот, иако можеше да загуби и поубедливо. Двата сета завршија со идентични 7-6, а Србинот освои четири поени во првиот тај-брејк, односно три во вториот.
За Јакуб Меншик ова е првиот голем трофеј во кариерата, а уште позначајно за него е што го освои токму против својот идол, Новак Ѓоковиќ.