На сите им е јасно дека Алваро Арбелоа е само привремено решение на клупата на Реал Мадрид, кој го наследи Чаби Алонсо, па раководството на „кралевите“ е во интензивна потрага по трајно решение.
Најголема желба на Флорентино Перес беше Јирген Клоп, но легендарниот Германец веднаш ја отфрли оваа опција и најави дека нема да биде тренер на Реал Мадрид.
Шпанските медиуми денес објавуваат дека веќе е јасно кој ќе биде наследникот на Арбелоа, а тоа е тренерот на Астон вила, Унаи Емери.
54-годишниот Баскиец има пет финалиња во Лигата на Европа, но и четири трофеи, а со Виљареал стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите, па во Реал Мадрид сметаат дека тој би бил идеалното решение за тренерската позиција и човек кој треба да стави ред во соблекувалната.

