Украинската фудбалска федерација објави дека националната селекција ќе има само еден тест пред бараж мечот во Глазгов со Шкотска, на 1. јуни, а домаќини ќе им бидат Германците од Борусија Менхенгладбах.
Тест дуелот ќе се игра на „Борусија парк“ на 11. мај и тоа ќе биде единствениот тест за Украинците пред важниот меч со Шкотска што во два чина може да ги однесе на Мундијалот во Катар.
Победникот од тој бараж ќе треба да игра со Велс за последниот билет од Европа што овозможува да се игра на Светското првенство од 21. ноември до 18. декември оваа година.
Очигледно е дека таа варијанта пропадна, па мечот со Борусија во Менхенгладбах ќе им биде главниот и единствен тест пред гостувањето на Хемпден парк на 1. јуни.