11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Ништо од спектаклот: Синер му се предаде на Алкарас после само пет одиграни гејмови

Толку очекуваното финале на Мастерс турнирот во Синсинати наместо спектакл, се претвори во шок за публиката затоа што Јаник Синер е болен и се предаде после само пет одиграни гејмови против Карлос Алкарас.

Алкарас водеше со 5-0 после 20 минути игра, се виде дека со Италијанецот нешто не е во ред, и Јаник не успеа да ја одбрани титулата од лани.

Не е објавено за каква болест станува збор кај лидерот на АТП листата, но факт е дека беше разочаран што не можеше да игра.

„Жал ми е, не можам. Се чувствувам толку лошо, не можам да се движам“, му призна Синер на физиотерапевтот кој влезе на терено за да ја провери неговата состојба. 

- Оглас -

Најнови вести