Легендарниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи само по шест месеци во Унион Берлин, сака да се врати во татковината. Поранешниот фудбалер на Јувентус беше донесен како големо засилување, но не се снајде баш најдобро во минатогодишната сензација во Германија, па уште зимава може без обесштетување да си бара нов клуб.
Како најсериозна опција се најавуваше преселбата во Рома, но по протестите на навивачите, се чини дека нема ништо овој трансфер. Но, сега во трката влезе екипата на Џенова, која сериозно е заинтересирана за неговите услуги и сака уште месецов да го потпише дефанзивецот.
Екипата на Џенова во Бонучи гледа одлична замена за Романецот Раду Драгушин, кој треба да направи трансфер во Тотенхем вреден помеѓу 25 и 30 милиони евра.