Ништо од враќањето во Барселона, Кансело ќе потпише за Интер?!

Португалскиот десен бек, Жоао Кансело, во продолжение од сезоната ќе биде член на Интер, а тоа би значело дека нема да има ништо од негово враќање во Барселона. Проблем за Каталонците е неговата плата во Ал-Хилал, која изнесува 15 милиони евра годишно, но се чини дека раководството на Интер успеа да го реши тоа прашање.

Според договорот, полугодишната плата од 7,5 милиони евра ќе ја плаќаат и двете екипи. Интер треба да му исплати на Португалецот три милиони евра за пролетниот дел од сезоната, додека останатите 4,5 милиони евра ќе му ги исплати Ал-Хилал.

Кансело влезе во конфликт со тренерот на екипата од Саудиска Арабија, Симоне Инѕаги, па воопшто не е ниту пријавен за настап во продолжение од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести