Ниски удари на Перес и Реал, на големата желба и порачаа по ниту една цена да не потпишува нов договор

Прретседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, уште сега ја означи главната мета за летниот преоден рок и веќе почна да работи на реализација на трансферот притоа користејќи ниски удари.

Перес по секоја цена планира налето да го ангажира играчот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис кој треба да претставува долгорочно решение за левата бековска позиција.

Според Скај Германија, луѓето од управата на Реал Мадрид директно контактирале со 23-годишниот фудбалер и му порачале да не потпишува нов договор со Баерн, кој наскоро треба да му биде понуден.

Актуелниот договор на Дејвис со Баерн истекува во 2025 година и планот на Перес и да спречи фудбалерот да потпише нов договор со цел налето да може да понуди помала сума за неговиот трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести