Александер Саша Зверев го надигра Диего Шварцман со 6-2, 6-1 во финалето на турнирот во Келн, но аргентинскиот тенисер не беше многу разочаран по поразот. Германецот, кој е седми на АТП-листата, беше убедлив против деветтиот, па Шварцман реши и да се пошегува на своја сметка.
Тој е еден од најниските тенисери меѓу оние најдобрите, па кога застана да даде изјава, мораше да го спушти микрофонот и кажа шега која ги насмеа присутните.
„Изгледа микрофонот беше подготвен за Саша прв да дава изјава“, рече Шварцман со насмевка на лицето.
https://twitter.com/i/status/1320454534376935426