Поранешниот тренер на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп, во моментов со своето семејство ужива на југот од Шпанија во својот нов дом откако одлучи дека му е потребен одмор од фудбалот.
Тој неодамна за медиумите изјави: „Целиот живот сонував за куќа на југот. Го сакам времето, климата, ги сакам луѓето тука. Тука има многу работи кои ги сакам.“
Сепак, иако одмора во Палма де Мајорка, Клоп го следи и Европското првенство, а го има и својот фаворит за освојување на титулата.
„Германија е добра, Франција е добра, Англија ќе биде уште подобра, дефинитивно. Во моментов се чини дека Шпанија е најблиску до титулата“, вели Клоп.