Голем пресврт се случи околу трансферот на Моисес Каиседо од Брајтон. Информациите вчера беа дека Ливерпул испратил повисока понуда од Челзи, а Брајтон ја прифатил, но подоцна фудбалерот одбил да се пресели на “Енфилд роуд“.
Изненадувачки сега во трката по неговиот потпис се вклучи Манчестер Јунајтед, кој понудил 148 милиони евра, а Брајтон експресно ја прифатил оваа понуда, што значи дека ќе биде соборен англискиот рекорд.
Очекувањата се дека денес ќе бидат извршени лекарските прегледи, а “црвените ѓаволи“ сакаат да го претстават своето ново засилување пред мечот со Вулверхемптон Вулвс кој на програмата е во понеделник.