Реал Мадрид одигра само 1-1 против Ал-Хилал на дебито на Чаби Алонсо, кој изненади многумина со изјавата кој фудбалер е темелот на „кралевите“. Сите очекуваа дека неговиот одговор ќе биде дека тоа е Килијан Мбапе или Винисиус, но новиот тренер на „кралевите“ се одлучи за фудбалерот од дефанзивата, Орелијан Чуамени.
„Има извонредна достапност. Не знам што ќе се случува во текот на годината, но тој е темел на нашата екипа, преку тежината што ја има, преку различните улоги што може да ги извршува, преку своите позиции… Во неколкуте денови што ги поминавме заедно ми покажа желба за напредок, да биде важен. И неговото добро расположение ќе биде клучно.“ – вели Чаби Алонсо.
Новиот тренер на Реал Мадрид, вечерва ќе се обиде да дојде до првата победа на Светското клупско првенство и тоа против Пачука, екипа која ја победија минатата година во финалето за светската титула.