Барселона со подвиг кој го нема направено одамна

Барселона дури во второто полувреме го скрши отпорот на Овиедо во меч кој се играше на „Камп ноу“, а на крајот фаворитот победи со 3:0. Катлонскиот гигант со оваа победа се врати на врвот на табелата во Примера дивисион со 52 бода, еден повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид.

Со оваа победа над Овиедо, Барселона стигна до 10-тата победа во 10 меча кои сезонава ги одигра на домашен терен во домашното првенство. Ниту еден друг клуб во шпанското првенство нема вака перфектен биланс пред своите навивачи.

Десет победи по ред на свој терен во првенството Барселона немала повеќе од шест години. Последен пат 10 победи во низа пред своите фанови каталонскиот гигант имал во декември 2019 година.

Следниот меч на „Камп ноу“ Барселона ќе го игра на 7 февруари против Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести