Лионел Меси пред неколку дена по осми пат ја доби Златната топка на „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на годината, а обложувалниците уште сега го имаат фаворитот за идната година.
Досега речиси сите фанови очекуваат Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе да бидат фаворити за признанието, обложувалниците уште сега ги одредија квотите и за нив главен фаворит за Златната топка е фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам.
Белингам, кој во летниот преоден рок пристигна во Реал Мадрид во трансфер вреден 103 милиони евра, игра неверојатно сезонава, на 11 натпревари постигна 10 гола и според обложувалниците, квотата изнесува 4.00 дека тој ќе ја добие следната Златна топка.
Втор фаворит е Мбапе со квота 5.00, додека Халанд е трет со 5.5. Обложувалниците како четврти фаворит го сметаат Хари Кејн, за кого квотата изнесува 7.00, додека петти е Лионел Меси со 8.00.
Меѓу десеттемина фудбалери на коишто им се даваат шанси да дојдат до признанието на „Франс фудбал“ се наоѓаат уште и Родри, Винисиус жуниор, Мохамед Салах, Кевин де Бројне и Кристијано Роналдо.