Ниту Зидан не ги „оживеа“ Асенсио и Иско

Марко Асенсио и Иско никако да го видат светлото од крајот на тунелот во кој се влезени сезонава, и тоа е еден од најголемите проблеми кои треба да ги реши тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Ниту со Зидан на клупата нема „воскреснување“ на двајцата Шпанци.

На мечот со Вилјареал, кога Иско влезе во игра, од трибините имаше и свирежи, а и Асенсио беше исвиркан откако имаше лошо додавање при една шанса за гол.

Во Реал се загрижени што Асенсио и Иско потфрлаат. Од Асенсио се очекуваше да надомести дел од головите на Кристијано Роналдо, но тоа не се случи. Тој не е ниту сенка од играчот кој Зидан го знае од минатото. Крилото сезонава во шпанската лига има дадено само еден гол (на 22-ри септември), а ист таков скор има и еден Хесус Валјехо, кој е дефанзивец и многу ретко играше сезонава.

Иско беше ставен во втор план кај тренерот Сантијаго Солари и уште не успева да се рехабилитира, па и кај Зидан е резерва. За него има понуди, клубот планира да купи играчи од средниот ред, па веројатно Иско ќе треба да си оди од Реал.

- Оглас -

Најнови вести