Н$голо Канте е нов член на турскиот гигант Фенербахче.
Францускиот фудбалер за врска кој во 2018 година беше светски првак во наредните две години ќе го носи дресот на Фенер, a договорот му е до јуни 2028.
„Низ крв, пот и солзи, но откажување не постои во нашиот речник“, вака ја опиша прес-службата на Фенербахче објавата за трансферот.
Овој коментар се однесува на тешкотиите со потпишувањето. Вчера Фенербахче објави соопштение во кое наведе грешка на Ал-Итихад во документите, поради која кои ФИФА одби да ја прифати регистрацијата. Сепак, проблемот е решен и пресуди желбата на Канте да оди во Фенербахче.
„Некои приказни траат подолго, но не остануваат незавршени“, порачаа од Фенербахче откако утрово околу 1.30 по полноќ дефинитивно го комплетираа трансферот.

