Нојер го обвини Донарума за скршената нога на Мусијала: Свесно презема ризик да го повреди

Баерн Минхен е елиминиран во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако со 2:0 загуби од Пари Сен Жермен. Сепак, елиминацијата од ова натпреварување не е најболното нешто што се случи синоќа.

Еден од најдобрите играчи на Баерн Минхен, Џамал Мусијала заработи скршеница на ногата по еден дуел со голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума.

По тој инцидент со свое мислење се огласи чуварот на мрежата на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој директно го обвини Донарума како главен виновник за повредата на Мусијала. Според Нојер, Донарума дури и по мечот реагирал неспортски затоа што воопшто не планирал лично да му се извини на Мусијала и да го праша како се чувствува.

„Ова е ситуација во која едноставно не треба да се влегува на овој начин! Ова е неодговорно. Тој свесно го презема ризикот да го повреди противникот“, им рече Нојер пред новинарите, а потоа продолжи. „Отидов кај Донарума и му реков: „Не сакаш ли да одиш кај нашиот играч?“ Тоа е прашање на почит – да одиш и да побараш извинување. Дури откако му го реков тоа, Донарума отиде да го види Мусијала. За мене, фер-плејот е секогаш важен. Јас би реагирал поинаку“, вели голманот на Баерн Минхен, Донарума.

- Оглас -

Најнови вести