Нојер има само пофални зборови за напаѓачот: Хари Кејн е феномен

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој неодамна закрепна од повредата која ја здоби на почетокот од годината (заработи скршеница на ногата на скијање во Австрија) е горд што игра заедно со Хари Кејн.

Кејн изминатото лето во Баерн пристигна од Тотенхем и на десет меча во Бундеслигата постигна 15 гола и се израмни со клупската легенда Герд Милер (сезона 1968/69), кој постигнал толку гола во првите десет меча.

Напаѓачот на последните три меча на Баерн постигна осум гола, два против Галатасарај (2:1) во ЛШ и по три гола против Борусија Дортмунд (4:0) и Дармштад (8:0) во Бундеслигата.

„Хари Кејн е феномен и горди сме што игра во Баерн“, изјави Нојер, кој со враќањето меѓу стативите, си ја врати и капитенската лента од Џошуа Кимих.

Задоволен од игрите на Хари Кејн е и тренерот на Баерн, Томас Тухел.
„Уште на почетокот реков дека карактерот на Хари ќе им помогне на играчите да станат подобри“, вели Тухел.

- Оглас -

Најнови вести