Капитенот на германската репрезентација, Мануел Нојер, е задоволен од победата со која Панцерите изборија пласман на Светското првенство во Катар и најави дека и на Мундијалот ќе атакува на висок пласман.
„Честитки за успешните квалификации на мојата репрезентација. Во првото полувреме имаше поголема битка на теренот. Македонија добро се бранеше, а ние не ги оскористивме нашите шанси. Клучниот момент на мечот беше првиот гол, што успеавме рано да дадеме гол во вториот дел. Се радуваме на оваа победа и на постигнатата цел, а тоа е пласман на СП. Верувам дека и на Мундијалот ќе можеме да стигнеме далеку“, рече Нојер по мечот.