Нојер се сликаше до очајна божиќна елка, па фановите се понудија да му купат нова (Фото)

Мануел Нојер, еден од најдобрите голмани на сите времиња, сподели среќни божиќни желби со фановите преку социјалните мрежи, позирајќи пред својата божиќна елка. Меѓутоа, реакциите во коментарите не беа само позитивни бидејќи многу луѓе ја забележаа неговата необична елка.


Таа има метална конструкција со неколку гранки и неколку украси, што предизвика низа шеги и коментари.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Manuel Neuer (@manuelneuer)

Еден од коментарите што собра најмногу лајкови беше: „За еден ден заработуваш колку јас и моите родители заедно за една година, што е ова? Сакаш ли да ти купиме божиќна елка?”

Нојер, моментно е повреден, но се очекува да биде подготвен за продолжување на сезоната во Бундеслигата. Тој веќе долго време блеска на голот на Баерн Минхен, каде што пристигна од Шалке пред 13 години за 30 милиони евра. Освои бројни трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести