Ноќ за историја на Леброн Џејмс, направи нешто што не му успеа ниту на Мајкл Џордан (Видео)

Леброн Џејмс стана само четвртиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој успеал да ја надмине бројката од 33.000 поени во кариерата. Во победата против Њу Орлеанс од 114:110, Џејмс даде 29 поени и тоа му беше доволно да стигне до 33.004 поени откако е влезен во најсилната кошаркарска лига во светот.

Пред Џејмс остануваат само тројца со повеќе постигнати поени. Ненадминливиот Карим-Абдул Џабар има 38.387 поени, втор е Карл Мелоун со 36.928 поени, а пред Џејмс е само уште и Коби Брајант со 33.643 поени. Доколку продолжи во ист ритам, Леброн може да го надмине рекордот на Коби уште во текот на оваа сезона.

За Лејкерс ова беше осма победа во низа и тимот продолжува да биде најдобар во лигата со скор од 16 победи и само два порази. Освен Леброн, своја ноќ за памтење имаше и Ентони Дејвис, кој даде 41 поени на својот поранешен клуб.

Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска, постигнати се следните резултати: Бостон – Бруклин 121:110, Шарлот – Детроит 102:101, Кливленд – Орландо 104:116, Индијана – Јута 121:102, Филаделфија – Сакраменто 97:91, Торонто – Њујорк 126:98, Хјустон – Мајами 117:108, Мемфис – ЛА Клиперс 119:121, Милвоки – Атланта 111:102, Сан Антонио – Минесота 101:113, Феникс – Вашингтон 132:140, Портланд – Оклахома 136:119, Голден Стејт – Чикаго 104:90.

- Оглас -

Најнови вести