Ноќ за историја во Лигата на Европа, во Конференциската лига славеа гостите

Домаќините беа подобри во Лигата на Европа, а гостите во Конференциската лига на мечевите кои се играа вечерва од 21 часот.

Пјер-Емерик Обамејанг со голот против Шахтар во победата на Марсеј од 3-1 стана прв стрелец во историјата на Лигата на Европа со 31 погодок во ова натпреварување. Зад него се Фалкао со 30 гола, Адурис и Лукаку со по 26, Дабур со 24, Гамеиро и Лаказет по 22, Џеко со 21, итн.

Францускиот тим ги елиминира Украинците, а во аут е и Галатасарај, кој беше поразен во Прага од Спарта со 1-4. До 70-тата минута Галата имаше резултат кој го носеше во следната фаза, но по црвениот картон на Ајхан се распаднаа и примија три гола. На Спортинг и ремито 1-1 дома со Јанг бојс му беше доволно за да оди понатаму, а продолженија има само во Рим, каде што Рома и Феенорд водат голема борба.

Во Конференциската лига, сите тимови кои играа дома (Ајнтрахт, Ференцварош, Легија и Слован) испаднаа, а се радуваа Ројал Унион Сен Жилоа, Олимпијакос, Молде и Штурм.

- Оглас -

Најнови вести