Ноле го здогледа ривалот и му се развика: Што е будало една (Видео)

Новак Ѓоковиќ во добро расположение го чека стартот на првиот гренслем-турнир во 2023 година, Отвореното првенство на Австралија. Србинот се подготовува во Мелбурн, а додека беше во салата за вежбање, направи еден „инцидент“.

На социјалните мрежи, Новак спореди видео на кое се гледа како тој мирно стои кога покрај него поминува Диего Шварцман, а потоа Србинот почнува да вика „Што е,  будало?“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Причина за ваквата реакција на Новак кон Шварцман е шега, со која Србинот само сака да го имитира Лионел Меси од Светското првенство во Катар.

По дуелот на Аргентина и Холандија, Меси додека даваше интервју, во еден момент се развика „Што гледаш, глупаку еден“, а оваа навреда беше упатена кон холандскиот напаѓач Вут Вегхорст.

 

- Оглас -

Најнови вести