Партизан гостува кај Монако и го игра можеби клучниот меч за пласман во Топ 8 фазата во кошаркарската Евролига, а на трибините во салата е и Новак Ѓоковиќ, заедно со својот син Стефан.
Најдобриот тенисер во светот по втор пат за кратко време е дел од мечевите на Црно-белите во Евролигата, откако беше и во „Штарк арена“ на средбата против Олимпијакос. На тој меч, навивачите на Партизан скандираа „Ноле гробаре“, а неговата жена Јелена заедно со синот Стефан го гледаа и мечот на Партизан против Реал Мадрид.
Партизан на гостувањето во Монако на полувреме има предност од 42:35.