Ноле сега има отворен пат да го сруши рекордот на Сампрас, кој остана само сон за Федерер

Победата на Григор Димитров против Данил Медведев беше одлична вест за Новак Ѓоковиќ. Со елиминацијата на Медведев, Русинот ја изгуби шансата в понеделник да се најде на првото место на АТП-листата, каде што владее Ѓоковиќ.

Според последните калкулации, популарниот Ноле сега има загарантирано прво место на АТП-листата најмалку до 22 ноември. Тоа ќе бидат 347 недели за Новак на врвот на АТП-листата.

Сепак, главната цел на Србинот ќе биде да остане лидер до крајот на календарската година. Ако успее да биде број 1 на АТП на 31 декември, Ѓоковиќ ќе постави уште еден рекорд. Тоа би било седма година во која Србинот би ја завршил на првото место на АТП-листата, нешто што досега не му успеало на ниту еден тенисер.

Сега Ноле заедно со Пит Сампрас се на делба на овој рекорд со по шест години завршени како првото место на АТП-листата. Ниту големиот Роџер Федерер не успеа да го достигне рекордот на Сампрас, а сега Ѓоковиќ има шанса да го надмине овој рекорд.

 

- Оглас -

Најнови вести