Новак Ѓоковиќ имаше кошмарен старт на 2022 година откако во јануари замина да биде дел од гренслем-турнирот во Мелбурн, но наместо да игра тенис, беше затворен, мораше да оди на судење и на крајот не само што не доби дозвола да игра, туку беше казнет со тригодишна забрана за влез во Австралија.
Поради тоа што не е вакциниран од корона-вирусот, Ѓоковиќ сега го пропушти и Отвореното првенство на САД, но се чини дека следната сезона ситуацијата ќе биде поинаква. Најавите се дека Австралија ќе му дозволи влез на Србинот и Ѓоковиќ ќе може да игра на гренслем-турнирот во Мелбурн.
„Директно од Крејг Тајли слушнав дека Новак Ѓоковиќ следната година сигурно ќе игра на Отвореното првенство на САД 2023“, објави новинарот Луис Алфред Алварес, кој имал контакт со првиот човек на Тениската асоцијација на Австралија.
Ayer escuché directamente de Craig Tiley que seguramente Novak Djokovic jugará el Abierto Australiano 2023. pic.twitter.com/gWXiNS675E
— LuisAlfredoAlvarez🇻🇪🇺🇸 (@LuisAlvarez_1) September 4, 2022