11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Норис ќе го брани првото место од Фераријата и Ферстапен, квотите го отпишуваат Пјастри

Трката за Големата награда за Мексико која ќе се вози вечерва со почеток во 21 часот, може да донесе промена на првото место во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот.

Во моментов води Оскар Пјастри од Мекларен со 346 поени пред тимскиот колега Ландо Норис кој има 332, а трети е Макс Ферстапен од Ред Бул со 306. До крај останаа уште пет трки, а вечерва во Мексико сити ако победи Норис кој е на пол-позиција, а Пјастри заврши како седми (во квалификациите освои само седмо место), тогаш Норис ќе избие на чело во генералниот пласман.

Квотите во Sport Life потврдуваат дека фаворит број 1 за победа е Норис, а добри шанси за победа им се даваат и на Шарл Леклер од Ферари (лани во Мексико победи Карлос Саинс кој возеше Ферари) и првакот Ферстапен кој ќе тргне од петта позиција и му претстои многу борба и мака, ќе му треба и среќа за да дојде до победата.

Во Sport Life може да се обложите на тоа кој ќе победи на трката, дали некој пилот ќе биде во најдобрите тројца на подиумот, или на првите шест места на крајот, кој ќе има најбрз круг, од кој тим ќе биде победникот, кој прв ќе се откаже, има и дуели, итн.

- Оглас -

Најнови вести