Возачот на Мекларен и лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Ландо Норис, имаше најбрзо време на квалификациите за Големата награда на Лас Вегас и ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка.
Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул, а трети Карлос Саинс од Вилијамс. Оскар Пјастри кој се бори за титула ќе тргне како петти, додека Луис Хамилтон ќе стартува како последен.
Квалификациите се возеа на мокра и лизгава патека, затоа и имаше возбуда и изненадувања.
„Беше навистина лизгаво, не е забавно. Не ми пречи да возам по влажно, но ова е малку премногу за мене. Мора да се биде исклучително внимателен и искрено сум изненаден што немаше премногу инциденти. Сите беа внимателни, можеби се плашеа?“, рече Ферстапен.
Инаку се очекува дождот да престане, на трката пилотите нема да имаат толку тешки услови за натпреварување.

