Норвешка е на чекор од полуфиналето, каде што ја чека дуел против Хрватска или Шпанија

Норвешка без проблеми сигна до победа против Исланд од 31:28 и на тој начин речиси сигурно си обезбеди место во полуфиналето на Европското ракометно првенство. Норвежаните се перфектни со максимални шест победи во шест меча, со што само потврдуваат дека се фаворити за освојување медал.

Исланд немаше никакви шанси на денешниот меч. Норвешка започна фуриозно и поведе со 7:0, разлика која потоа лесно ја контртолираа и ја задржаа до крајот на првиот дел (19:12). Во второто полувреме фаворитот само рутински ја одржуваше предноста. Исланд успеа да стигне до негатива од три гола (20:23), но Норвежаните се премногу искусни за да прокоцкаат таква предност.

Сагосен уште еднаш потврди дека е вистински предводник на Норвешка и беше прв стрелец на мечот со девет гола, додека О’Саливен даде шест погодоци за победничката екипа.

Утре се игра последното коло од Групата 1, каде што во меѓусебен дуел Хрватска и Шпанија ќе решаваат за првото место. Досега двете селекции се перфектни со шест победи.

 

- Оглас -

Најнови вести