Норвешка без проблеми лесно ја победи Аргентина со 32:21 и стигна до две победи од две кола во групата на Светското првенство во која е и Македонија. Овој триумф на Норвешка е повеќе од очекуван, но останува мало разочарување кога во целата приказна ќе се вклучи и Македонија.
По две кола во групата Ф, Норвешка и Холандија имаат по 4 бодови, а Аргентина и Македонија се без бодови. Во последното коло, Норвешка и Холандија ќе решаваат за победникот, а Македонија и Аргентина ќе се борат за третото место во групата, кое води во главната фаза од Мундијалот.
Според актуелната ситуација на табелата, Македонија само со победа над Аргентина ќе биде трета. Во вкупната гол разлика, Аргентина е на минус 21 гола, а Македонија има минус 22.