Носот му беше смачкан од удар со нога, но продолжи да се бори до крајот на рундата (Видео)

Одличниот 34-годишен ММА борец Мајкл Веном Пејџ, ја извојува петтата победа по ред, а на „Белатор 258“ негова жртва беше Дерек Андерсон, на кого му го скрши носот со изненадувачки страшен удар со левата нога.

Работата да биде уште поинтересна, Андерсон и со таква повреда продолжи некако да се бори, но кога рундата заврши, сепак, не му беше дозволено да се врати, иако тој како вистински воин, го сакаше тоа. Кога ќе се види како изгледаше неговиот нос, јасно е зошто лекарите и судијата не му дозволија да продолжи да се бори.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?v=kJ-ivEK02WM&t=40s

- Оглас -

Најнови вести