Витор Переира официјално е нов менаџер на Нотингам форест. Португалецот е дури четвртиот различен менаџер на тимот оваа сезона, по Нуно Еспирито Санто, Ангелос Постекоглу и Шон Дајш.
Интересно е што Переира претходно седеше на клупата на Вулверхемптон, а беше отпуштен на почетокот на ноември поради очајни резултати, само два освоени бода во 10 натпревари.

Овој 57-годишен португалски тренер потпиша договор до крајот на сезоната 2027/2028.
Тој работел и во Порто, Олимпијакос, Фенербахче, Коринтијанс, Фламенго, Минхен 1860, Ал-Ахли, Ал-Шабаб и Вулверхемптон.

