31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Нотингам форест после 30 години победи на „Олд Трафорд“!

Велат кој чека ќе дочека, па така и Нотингам форест после 30 години пауза, повторно дочека да победи на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед.

Шумарите триумфираа со 3-2 и сега се петти на табелата со моментно шест бода повеќе тимот кој го немаа совладано на негов терен три децении. Сите пет гола паднаа во првите спектакуларни 61 минути од средбата, а потоа половина час мрежите останаа незатресени, за радост на гостите.

За Црвените ѓаволи ова е втор пораз по ред во Премиер лигата, и се наоѓаат на 13-то место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести