Ова ќе ги пресече Шумарите од Нотингем – Можат да останат без газда, Маринакис местел натпревари и имал ланец за трговија со дрога

Двојниот европски првак Нотингем форест се врати во Премиерлигата по 23 години пауза, но таму може да има многу проблеми и да игра без сопственикот на клубот, Гркот Евангелос Маринакис.

Маринакис е под истрага во својата родна земја за местење резултати на фудбалски натпревари и што е уште полошо против него се истражува и евентуално учество во ланец на трговија со дрога.

Магнатот кој работи и со бродски превоз на стока, а го купи Нотингем форест пред пет години за 50 милиони фунти сега има големи проблеми.

Популарните Шумари се двојни европски прваци, а во овој циклус на натпревари во Чемпионшип лигата во Англија беа најдобри во бараж системот и со победа од 1:0 во финалето против Хадерсфилд си обезбедија настап во Премиерлигата.

Поранешниот соспственик на Олимпијакос во 2019 година беше осуден на две години затвор поради местење на натпревари и вмешаност во криминал со дрога, но потоа казната му беше избришана.

Сега повторно е под истрага со слични обвиненија, а се вмеша и раководството на Премиерлигата со најава за своја истрага за случајот со Евангелос Маринакис.

 

 

- Оглас -

Најнови вести