-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Нотингем Форест со пресврт славеше во Лондон (Видео)

Нотингем Форест го победи Вест вем во Лондон со пресврт со 1-2 во натпревар од 21-то коло на англиската Премиер лига.

Избраниците на Шон Дајш забележаа многу значајна победа која ги оддалечи од опасната зона, а сè укажува дека триумфот на Шумарите може да предизвика нова тренерска смена на Островот. По отпуштањата на Енцо Мареска и Рубен Аморим, изгледа дека сега на удар е Нуно Еспирито Санто.

Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков развој. Чеканите поведеа веќе во 13-тата минута кога по корнер од левата страна, Муриљо со глава постигна несреќен автогол.

Вест Хем погоди и на почетокот од второто полувреме, но голот на Самервил беше поништен поради офсајд на Кастелјанос, што како да најави целосен пресврт во Лондон.

Во 55-та минута, Николас Домингез одлично реагираше по корнерот на Андерсон и со глава го совлада Ареола, додека францускиот голман стана трагичар на вечерта кога во 88-та минута направи пенал.

Одговорноста ја презеде Морган Гибс-Вајт, кој со мирен удар донесе значајна победа на Нотингем на гостински терен.

Со оваа победа, Нотингем Форест победи по низа од четири порази и со 21 поен се искачи на 17-тото место на табелата во Премиер лигата, додека Вест Хем е 18-ти со седум бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести