Атлетик Билбао со 2-0 го совлада Атлетико Мадрид и ја продлабочи кризата во редовите на тимот кој до пред неколку дена се надеваше на четвртфинале во Лигата на шампионите и титула во шпанската Примера. Сега „јорганџиите“ се во аут во ЛШ, а со вечерашниот пораз, и првото место во Шпанија за нив станува научна фантастика.
Ињаки Вилијамс и Кодро беа стрелци на головите со кои баскијците дојдоа до осмата победа сезонава. Босанецот Кодро го совлада Облак само 27 секунди по влегувањето во игра. Овие два тима не играле нерешено во Билбао уште од далечната 1975 година, а за Атлетико ова е прв пораз на новиот „Сан Мамеш“ .