Светскиот тенис неодамна остана без двајцата најпознати сервери во историјата на тенисот, Џон Иснер и Иво Карловиќ, кои заминаа во пензија. Сепак, очигледно е дека тенисот нема долго време да чека за нов тениски џин. Џовани Мпетши Перикард е 21-годишен француски тенисер од Лион, кој се издигнува во тениските облаци.
Младиот Французин до најголемата титула во досегашниот дел од кариерата стигна само пред една недела откако го освои турнирот од АТП-серијата 500 во Базел. На патот до титулата не загуби ниту еден сервис гем, а само во четвртфиналниот меч против Денис Шаповалов мораше да спасува брејк топки (3/3).
Само Канаѓанецот успеа да освои сет во тај-брејкот, а му преостануваат уште четири меча, против Џејмс Дакворт (АТП – 77.), Феликс Огер-Алиасиме (АТП – 27.), Холгер Руне (АТП – 13.) и Бен Шелтон (АТП – 19.), победи во два сета. Со тоа тој стана само вториот тенисер кој ја освоил АТП-титулата сезонава без загубен свој сервис гем по Тејлор Фриц во Истбурн. На турнирот во Базел, 203 сантиметри високиот Перикард сервираше дури 109 асови.
Basel Brilliance from Mpetshi Perricard 👌
The 21-year-old secures his second career title, defeating Ben Shelton 6-4 7-6! 🏆#SwissIndoorsBasel pic.twitter.com/kWbrlLBMVk
— Tennis TV (@TennisTV) October 27, 2024
Најдобриот резултат на јуниорско ниво за Перикард беше полуфиналето на Ролан Гарос во 2021 година во сингл конкуренција, каде беше поразен од неговиот сонародник Артур Филс, моментално 19. тенисер во светот, со кој потоа го освои турнирот во двојки. Исто така, интересно е да се истакне дека Џовани го одигра своето прво професионално финале против него во јули 2021 година и го победи во тај-брејкот од третиот сет, додека заедно го освоија турнирот во двојки.
Тој оваа година ја стартуваше на 205. место на АТП-листата, што значеше и почеток на сезоната во Челинџерс. Со одличните игри, во изминативе 10 месеци младиот Французин моментално стигна до 31 место на АТП листата. Откако во 1973 година прв пат е објавена АТП листата, Перикард е првиот Французин кој успеал да има пет победи во првите шест меча со тенисери кои се во Топ 20 на АТП листата.
1 – Since the ATP rankings were first published in 1973, Giovanni Mpetshi Perricard is first French player to win five of his first six matches against top-20. Stun. #RolexParisMasters | @RolexPMasters @atptour @ATPMediaInfo pic.twitter.com/EYiBwBKecH
— OptaAce (@OptaAce) October 29, 2024
Едноставно, тенисот е подготвен да добие нов џин во името на Џовани Перикард.