Откако од Челзи објавија дека заминувањето на Маурицио Сари од синоќешниот тренинг не е поврзано со однесувањето на ниту еден фудбалер, туку се должи на немањето услови да се завршат последните 15 минути последни подготовки пред мечот со Арсенал, бидејќи имало камери и новинари, се појави снимка на која точно се гледа зошто италијанскиот стручњак се изнервира.
За време на тренингот, Давид Луиз со лакт го удри Гонзало Игуаин. Тренерот застана во одбрана на Аргентинецот и бараше објаснување од Бразилецот, по што налутен си замина во соблекувална, шутирајќи ја и фрлајќи ја капата која ја носеше.
A little blue a day before the #EuropaLeague final.
Was this the moment that led to Higuain and Sarri exiting the Chelsea training session early?#Sarri #Higuain #CHEARS #OptusSport pic.twitter.com/YFfukoNI8z
— Optus Sport (@OptusSport) May 28, 2019