Кој го изнервира Сари? Тренерот на Челси бесен го напушти последниот тренинг пред финалето во ЛЕ

Маурисио Сари се изнервира на последниот тренинг на Челси пред утрешното финале во Баку со Арсенал во Европа Лигата и предвреме си замина.

Се уште е нејасно која е причината за ваквиот потег на тренерот на Челси, но на видеото се гледа дека е бесен, а на патото кон соблекувалната ја фрли капата и почна да шутира се околу себе.

Утре во Баку од 21 часот лондонските ривали ќе играат прво финале меѓусебе во европските купови, а влогот е пехарот во Европа Лигата и настап идната сезона во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести