Нов фудбалски хорор се случи во Аргентина со една жртва која почина на пат кон болница како последица на респираторни проблеми откако полицијата во Ла Плата користеше солзавец и гумени куршуми за да сопре насилство на мечот меѓу Гимназија Есгрима и Бока јуниорс.
Мечот беше во тек кога дојде до судир меѓу полицијата и навивачите на Гимназија надвор од стадионот.
https://twitter.com/Adearts99/status/1578193245082832897?s=20&t=RzMazZQHzmD7u7up_7kGcw
Полицијата се обиде да спречи хаос на портите пред стадионот, каде што имаше премногу домашни симпатизери кои се обидуваа да влезат на стадионот „Дел Боске“ во Ла Плата.
Повторно како и во фудбалскиот хорор во Индонезија пред некој ден, кога имаше скоро 200 жртви, полицијата користеше гас за да ги растера навивачите, а проблеми имаше и внатре на стадионот.
Гасот се проширил и на теренот и на трибините, па сите присутни се обидувале да го напуштат стадионот, а портите биле затворени.
ALARMA EN EL BOSQUE Y CAOS: el partido, demorado por incidentes en las afueras del estadio. Los técnicos, muy afectados por el gas lacrimógeno. pic.twitter.com/bCs2XS0Tnn
— SportsCenter (@SC_ESPN) October 7, 2022
Објавено е дека има една жртва, Цезар Рекуеиро, кој починал на пат кон болница откако се задушил од гасот.
Има информации и дека има деца кои се одвоиле од родителите и се водат како исчезнати во инцидентите надвор и на стадионот.
Има и повредени во инцидентите надвор од стадионот кога полицијата користела гас и гумени куршуми, па мечот беше веднаш прекинат во раната фаза, во осмата минута.
LA LOCURA DESDE ADENTRO. La gente quería salir del estadio de Gimnasia La Plata por el gas lacrimógeno, pero las puertas seguían cerradas. pic.twitter.com/pW7U8VL0PZ
— TyC Sports (@TyCSports) October 7, 2022
Викендов што помина имаше трагични инциденти во Индонезија на мечот меѓу Арема и Персебаја во Источната провинција Јава, кога во слични околности како овие во Ла Плата загинаа околу 180 луѓе и имаше над 200 повредени во стампедото на стадион, исто така со користење на солзавец од полицијата.